Исчистете го вашето лице со помош на четка за заби, со само неколку чекори

Loading...

Еве одличен трик за да се ослободите од црните точки на вашето лице. Познатите црни точки на носот и лицето – не се ништо друго освен лојни жлезди, запушен со себум.
Црни се затоа што на нив се собира прашина, остатокот од козметика, делови од епидермисот. Сами по себе, тие црни точки, освен неестетичноста, немаат штетно дејство. Проблемите настануваат тогаш кога почнуваат да се воспалуваат или кога ќе предизвикаат инфекција. Затоа треба да се елиминираат на време и регуларно, по можност без агресивни методи со кои нема да ја трауматизираме нашата кожа.


Ви ја предложуваме методата за безболно отстранување на црните точки, која ќе го намали создавањето на пори на лицето, потоа претерано мрсна кожа и спречување на појава на акни.
Како да ги отстраните црните точки од лицето со помош на четка за заби:
Пред да почнете со постапката на чистење на порите, ставете ја четката за заби во топла вода во времетраење од 5 минути.
Ставете го вашето лице под водена пареа (за создавање на водена пареа можете да користите и чај од камилица, кантарион или нане). Оваа ароматерапија одлично ќе делува на вашето лице и ќе биде општо корисна и за вас. Со мала количина на паста за заби, премачкајте ги проблематичните делови на кожата. Оставете ја пастата за заби на вашето лице околу пет минути. Потоа отстранете ја пастата за заби со топла вода, пребришете го лицето со пешкир.
Многу е важно да знаете дека за оваа постапка за чистење на епидермисот не одговараат сите пасти за заби. Изберете производ кој во себе не содржи многу абразивни честички и ментол во големи количини. Не е лошо доколку во составот на пастата има лековити билки, како што се жалфија, камилица и така натаму. Повторувајте ја оваа постапка 1-2 пати неделно, во зависност од состојбата на вашата кожа. Не заборавајте после секое користење на четката за заби, темелно да ја измиете.

loading...