Италијанските избори го притискаат еврото

Loading...

Еврото во вторникот ослаби во однос на доларот на меѓународните девизни пазари, бидејќи инвеститорите стравуваа од купувањето на единствената европска валута поради претстојните парламентарни избори во Италија, кои ќе се одржат на 24-ти и 25-ти февруари.Еврото така ослаби за 0,04, отсто во однос на американскиот долар, на 1,3345 долари. Меѓутоа, и натаму се држи над најниското ниво во последните три седмици од 1.3306 долари, на кое се спушти минатиот петок. Во однос на јапонскиот јен, пак, единствената европска валута ослаби за 0,6 проценти, на 124,69 јени.И доларот ослаби во однос на јенот, и тоа за 0,5 отсто, на 93,52 јени. Така се држи под вредноста од 94,22 јени колку што достигна во понеделникот.Во центарот на вниманието на инвеститорите се парламентарните избори во Италија коишто ќе се одржат овој викенд, 24-ти и 25-ти февруари,. Еврото, така, се најде под притисокот на продажбата, поради стравувањата дека по изворите составот на италијанскиот парламент ќе биде толку разединет, со што се доведува во прашање спроведувањето на реформите во паднатата трета според обемот економија во еврозоната.За еврото и натаму тег претставуваат и слабите економски показатели, кои неодамна покажаа дека рецесијата во 17-члената еврозона е подлабока отколку што се мислеше.„Инвеститорите не се наклонети на поголеми купувања на еврото пред италијанските избори кои имаат далекусежни последици низ цела Европа. Доколку изборите дадат слаба и неконзистентна коалиција, тоа би било негативно за курсот на еврото во однос на доларот“, вели во анкетата на Reuters, Петер Франк, валутен стратег во банката BBVA.Кусотрајниот поттик на еврото претходно му го даваше податокот на институтот ZEW кој укажува на значително подобрување на очекувањата на институционалните инвеститори во Германија во февруари, иако разочара нивната оцена за моменталната ситуација во стопанствата, која остана речиси непроменета во однос на претходниот јануари.„Еврото не успеа да го одржи нагорниот тренд по објавувањето на податокот на ZEW, затоа што разочара подиндексот кој се однесува на оцената на актуелните состојби во стопанството. А, доколку актуелната ситуација се влоши, тогаш подобрените очекувања на инвеститорите не се доволно добра причина за јакнење на курсот на еврото во однос на доларот“, коментира Франк.
МакфаксЕврото во вторникот ослаби во однос на доларот на меѓународните девизни пазари, бидејќи инвеститорите стравуваа од куп

loading...