Италијански хуманитарец: Грета, ти имаш среќа, децата од КиМ немаат

Loading...

Драга Грeта, блазе тебе која можеш да заплачеш, а да те слушнат сите светски лидери и да те повикаат на големите собири.
Италијанскиот хуманитарец и член на „Лигата за север“ во Милано, Стефано Павеци, на својот профил на Фејсбук објави фотографија со српки деца од КиМ, со порака до шведската активистка Грета Тунберг дека таа има среќа затоа што кога ќе заплаче ќе ја слушнат светските лидери, додека на овие деца им е скратено детството.
– Драга Грeта, блазе тебе која можеш да заплачеш, а да те слушнат сите светски лидери и да те повикаат на големите собири. Блазе тебе која можеш да патуваш и да минеш илјадници мора. Имаш среќа затоа што можеш да плачеш и да кажеш „ми ги украдовте сништата и детството со празните зборови“. Исто така, блазе си им на оние на кои си им потребна да би верувале во нешто, за да се почуствуваат глобалните активисти – напиша Павеци.

loading...