Италијанците воведоа аларм во возилата за родителите да не ги забораваат децата

Италијанците мора од денеска да имаат инсталиран аларм во детските седишта во автомобилите, за да не ги забораваат децата во возилата.
Одлуката на Министерството за транспорт е донесена за да се спречат трагедии, како што се случи пред два месеци во Сицилија, кога татко го заборави детето во врел автомобил пет часа, а мислел дека го оставил во градинка.


Алармот се огласува кога детето е оставено во автомобилот, пренесува АП.
Одлуката се однесува на седишта за автомобили за деца под четири години.
Оние што не го почитуваат ова правило ќе бидат казнети со парична казна од 326 евра и ќе им бидат одземени бодови од возачката дозвола.

Loading...