Италијанците на нозе, хаос во маркетите, коронавирусот ги испразни полиците

Loading...

Во неколку италијански помали места во регионите Ломбардија и Венето, каде вкупно живеат околу 50.000 жители од вчера на сите е строг карантин.
Затворени се продавниците, рестораните, баровите, миси не се служат, одложени се карневалските прослави, затворени се градинките и училиштата, спортските натпревари се одложени.
Заштитни маски одамна нема во бројните италијански аптеки. Една аптекарка за Кориеро дела сера изјавила дека заштитни маски нема ниту за сопствени потреби.


Жителите од Ломбардија со часови чекаат пред супермаркетите за да купат намирници, но полиците се празни.


-Изолираните градови нема да може никој да ги напушти, ниту да влезе во нив и тоа ќе се обезбедува со полициско присуство, а според потребите може да се уклучи и војската. Оние кои ќе ја прекршат оваа одлука ќе бидат соочени со кривичен прогон, истакнува италијанскиот премиер Конте.
Според најновите информации од коронавирусот во Италија заразени се 152 лица, а регистрирани се засега четири жртви.

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА

loading...