Италијанците станаа светски шампиони и во слаткарство

Loading...

Репрезентацијата на Италија се искачи на светскиот трон откако нивните десерти добија најмногу поени од жири комисијата.
Готвачите Лоренцо Пука, Масимо Пика и Андреа Рестуча ѝ донесоа на Италија уште една титула светски шампион откако на Мундијалот кој се одржа во рамките на Саемот за угостителство во Лион триумфираа пред составите на Јапонија и Франција.
Италијанците победија со своите специјалитети чоколаден десерт, торта од сладолед и десерт за послужување во ресторан. Во категоријата сценографија направија скулптура од шеќер висока 165 сантиметри и чоколадни гранки.
Новитет на овогодинешното првенство е категоријата десерт за послужување во ресторан каде слатките мора да бидат токму онакви какви што би се послужиле во ресторан.
Специјално стручно жири ги пробуваше и оценуваше слатките по вкус и изглед, а во состав Себастјан Воксион, Брендон Дихан, Жорди Рока, Еунџи Ли, Џузепе Амато, Глен Вил, Сан Хон и Доминик Крен.
Италијанската репрезентација на чело со селекторот Алесандро Далмасо имаше на располагање 10 часа за да ги изработи слатките. Секој член на репрезентацијата беше задолжен за одреден дел од композицијата.
Десерт за споделување: Слика лево – Внимателно избрани најдобрите суровини и со нивна употреба да се добие комплексен ароматичен букет создаден со спојување на зрна какао и ванила и комбинација од Тароко портокали од Сицилија и егзотично овошје.
Замрзнат десерт: Средна слика – Содржи многу овошје, од егзотични до црвени плодови, завиткано во деликатна прегратка од бадеми и ванила.


Ресторански десерт: Слика десно – Создадоа десерт во чинија додавајќи мед и благодарение на неговиот сладок вкус се обидоа да го вратат жирито во нивното детство, проектирајќи го во иднината преку иновативни техники за подготовка.
На крајот Италија собра 7.744 поени и го освои пехарот, додека втора заврши Јапонија со 7.440 поени, а трета Франција со 7.364.


Конечен пласман на сите 11 учесници:
Италија 7.744
Јапонија 7.440
Франција 7.364
Обединето Кралство 6.676
Швајцарија 6.552
Чиле 5.444
Јужна Кореја 5.368
Мексико 5.024
Русија 4.948
Алжир 4.360
Египет 3.856

loading...
Loading...