Италија ги затвори границите за Македонија

Loading...

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, меѓу кои е и Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на коронавирусот.
Забраната за патување се однесува на Македонија, Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, БиХ, Чиле, Кувајт, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република, соопшти италијанското Министерство за здравство.
„Епидемијата е во најтешка фаза на глобално ниво. Не можеме да ја загрозиме жртвата што ја направија Италијанците во последните месеци“, рече министерот за здравство Роберто Сперанза.
Забраната се однесува на сите што престојувале во тие земји во кој било период во последните 14 дена, без оглед на националноста или жителството, објави италијански Локал.
И директните и индиректните летови со овие земји се прекинати.
Италија оваа недела се бореше со зголемувањето на новите случаи поврзани со пристигнувања од Бангладеш, кој во вторникот беше ставен на „црвената листа“.
Епидемијата во Италија ја помина критичната фаза, но постои страв дека новите жаришта би можеле да предизвикаат втор бран на инфекција.

loading...