ИТНО: Изгласани заклучоците со 68 гласа за во Парламентот

Собранието ги усвои предложените заклучоци со 68 гласа. Видно расположени пратениците мафтаа со знамиња на Македонија и ЕУ. Имаше и голем аплауз. Немаше против и воздржани.

Партијата на Мицковски не гласаше. Дали ова е преќутно согласување останува да се види…

Во усвоениот текст пишува дека Собранието поаѓајќи од стратешките интереи за членство во ЕУ ја задолжува Владата да продолжи со преговорите со ЕУ за да се одблокираат преговорите.

Со заклучоците Собранието ја задолжи Владата да не смее да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа што е наведено во преговарачката рамка.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.