ИТНО: Нафтата нема вредност!!

ИТНО: Нафтата нема вредност!! За прв пат се тргува со негативна вредност.

Средните цени на нафтата во Западен Тексас се намалија на рекордно ниско ниво бидејќи пазарот продолжува да тоне во услови на општ економски колапс. Побарувачка изчезна при што цените паднаа од 18,27 долари на под 0 американски долари во понеделник – намалување за 99,95 проценти од блискиот претходен ден и за прв пат во историјата нафтата се тргува со негативна цена.

Втор драматичен пад на цената на нафтата денеска. Сега се тргува за 11,5 долари по барел

Историски пад на цената на нафтата. Во Македонија се планира покачување на цените со нови даноци

Колапсот на нафтените пазари доаѓа во услови на светска економска криза, при што пандемијата на коронавирус ги втурнува повеќето светски економии во спирала надолу, за многумина веруваат дека ќе биде најдлабока од Големата депресија од 1930-тите.

Глобалното складирање на нафта во моментов ги постигна своите лимити, а ОПЕК неодамна обезбеди намалување на производството од 9,7 милиони барели на ден, Министерството за енергетика на САД сепак ја мери идејата да им плати на домашните производители за едноставно да го остават нафтата во земја (да не ја црпат нафтата) за да се спречи понатамошно намалување на цените. Се чини дека е предоцна. Нафтата веќе дојде до цената од НУЛА ДОЛАРИ.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.