ИТНО: Се конфискува имотот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски доби нови 6 години затвор

Поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски се виновни за злоупотреба на службената положба и овластување во случајот „Талир 2“, смета Основниот кривичен суд Скопје.

Судиката во образложувањето ја повика јавноста:

…да процени сама дали еден објект од 7 милиони евра може да се подведе дека е од јавен интерес или со сите вонстандардни димензии и луксузна опременост е многу повеќе од тоа….

Предметот беше маратонски…

„Овој предмет имаше приоритет во постапувањето, овој судечки совет направи максимални напори овој предмет да добие судска разрешница. Беа закажани вкупно 56 рочишта. Поради промена на член на судечкиот совет главната расправа започна одново во февруари 2020 година. Од новото започнување на главната расправа беа закажани вкупно 49 рочишта, 27 беа одржани“
Нови 6 години затвор за Груевски, епилог на последниот процес…

Казните ги изрече судијката Даниела Алексовска Стојановска, која во детали ја образложуваше одлуката. Пресудата доаѓа само на ден откако обвинетите и нивните адвокати дадоа завршни зборови. Судијката еден саат ја образложуваше одлуката која ја донесе во името на граѓаните на Македонија. Таа додаде дека противправно е обезбедено партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и имотот ширум Македонија.

Кирил Божиновски при изрекувањето на пресудата

Судиката рече: доказите му покажале на Судот дека двајцата обвинети сториле злоупотреба на службената положба.

„Обвинетите го сториле кривичното дело за кое се гонат. За обвинетиот Кирил Божиновски чија одбрана можеше овој суд да ја чуе, за разлика од Никола Груевски, не беа спорни дејстивјата кои ги преземал за изградбата на партиското седиште за што имал и писмено известување. За ова обвинето лице остана спорно што смета дека сите дејствија кои ги превзела смета дека се законити. Од изведените докази произлезе нешто друго, а тоа е дека само привидно се создава слика дека Божиновски постапувал по одлуки на колективните тела, бидејќи телата постапувале по барање на Груевски. Фактот дека обвинетите Груевски и Божиновски постапувале по лични и тесно партиски интереси, а Кирил постпаувал по барањата на Никола, а дека одлуките на телата биле одлуки на Груевски и формално биле донесени се согледа и од исказите на бројните сведоци“.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.