И братот на Оскар Писториус обвинет за убиство

Loading...

Постариот брат на јужноафриканскиот олипмиец со две ампутирани нозе, Оскар Писториус, Карл Писториус, исто така, ќе биде изведен пред суд под обвинение за убиство, јавува британскиот радиодифузе BBC, повикувајќи се на адвокатот на семејството, Кенет Олдуејџ.Инцидентот во кој е инволвиран Карл Писториус, се случил во 2010 година. Се претпоставува дека постариот брат Писториус со автомобил удрил жена која управувала мотоцикл, која починала. Несреќата се случила во предградие на Јоханесбург. Полицијата не нашла траги од алкохол во крвта на Карл Писториус. Судско рочиште во врска со случајот на Карл е закажано за март.Помладиот брат Оскар Писториус, на 19-ти февруари беше обвинет за убиство со предумисла на неговата девојка Рева Стенкамп, откако 26-годишниот атлетичар призна дека ја застрелал својата девојка, сметајќи дека станува збор за крадец. Според спортистот, тој немал намера да ја убие неговата девојка, инаку познат модел, иако обвинителство смета дека станува збор за убиство со предумисла.Во петокот Писториус беше ослободен од притвор со кауција и ќе се брани од слобода, а судењето ќе продолжи на 4-ти јуни.
МакфаксПостариот брат на јужноафриканскиот олипмиец со две ампутирани нозе, Оскар Писториус, Карл Писториус, исто така,

loading...
Loading...