И во Атина поставен споменик на Александар Велики

Loading...

Како што објави грчкиот весник „Катимерини“ споменик на древниот крал Александар Велики е поставен во центарот на Атина, на аголот меѓу улиците “Амалија“ и “Василисис“.
Покрај онаа поставена во Солун во близина на Белата кула ова е втора статуа на Александар Велики во Грција. Се работи за споменик кој е дело на истакнатиот грчки скулптор Jaнис Папас, а одлуката да се постави споменик на еден од најголемите војсководци во историјата ја донесе градскиот совет на Атина. Споменикот на Александар Велики е висок 3,5 метри, а трошокот за поставувањето бил подмирен од семејството на уметникот.

 

loading...