И вчера во Белград протест “1од 5 милиона“

На протестот ,,1од 5 милиона “ кој заврши синоќа беше упатен повик за голем митинг во Белград и во Крушевац следната сабота. Протестот почна во центарот на Белград, на Терезије нешто по 18 часот со интонирање на српската химна. За 8. јуни е закажан голем протест во Белград , како и на други места во Србија.
На 25-тото собирање во центарот на Белград говореа актерот Бранислав Лечиќ, професорот на Факултетот за политички науки , Чедомир Чупиќ и стоматологот Арис Мовсесијан.
Потоа насобраните белграѓани тргнаа на марш по рутата од Терезије , преку зградата на РТС до зградата на Претседателството на Србија. На чело на колоната имаше транспарент “Стоп на крвавите кошули”, но претставниците на опозицијата не беа во првите редови.

Loading...