И денес протести пред Собранието против уставните измени

И  покрај студното време и снегот група граѓани и денес излегоа на протест пред Собранието на Република Македонија против уставните измени. Тие велат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што изјавуваат, „најголемото национално предавство“.
На протестот учествуваат членови на граѓанските здруженија „Македонија блокира“, „Христијанско братство“, партијата „Единствена Македонија“ и „Твордокорни“.
Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.
Собранието 75. седница на која треба да се расправа за уставните измени наместо во 13:00 часот денес ќе ја продолжи во 15.00 часот.

 

Loading...