И Мартин Протогер е позитивен на Корона, одложено рочиштето за „Титаник“

Loading...

И Мартин Протогер е позитивен на Корона, одложено рочиштето за „Титаник“

Одбраната на Протуѓер, до Судот доставила известување дека и сопругата на обвинетиот е позитивна на коронавирусот. Според протоколите, тој ќе биде спречен да присуствува на главните расправи во следните 20 дена.

„Титаник“ – закана од притвори за врхушката на ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на ново настаната ситуација судијата Осман Шабани, ги задолжи адвокатите на обвинетиот Мартин Протуѓер, пред 5 ноември да го известат судот за неговата здравствена состојба.

Обвинителниот акт инициран од поранешното Специјано јавно обвинителство, за овој предмет сомничи 20 лица за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВЕЌЕ ЗА ПРЕДМЕТОТ ТИТАНИК ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА:

СЈО ЗА ПРЕДМЕТОТ „ТИТАНИК“: Отворена е истражна постапка за поранешни министри, судии, нотари

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...