И натаму во Карпош и во Центар е најголема излезноста во Скопје

Според податоци на Државната изборна комисија до 15 часот, најголема излезност на гласачи има во општината Карпош со 38,94 проценти, а потоа во Центар со 37,81 излезени гласачи.
Потоа следуваат општините Кисела Вода – 35,11 проценти, Аеродром – 35 проценти, Ѓорче Петров – 33,51 проценти, Гази Баба –30,55 проценти, Бутел – 29,79 проценти, Чаир 30 проценти, Шуто Оризари со 21,55 отсто излезени гласачи, а во Сарај излезноста изнесува 15,85 проценти. Од поголемите општини најголема е излезноста во Битола и во Охрид.
Во Битола излезноста до 15 часот изнесува 42,24 проценти, во Куманово излегле 29,60 отсто од гласачите, во Охрид 41 отсто, Кичево 32,44 отсто, Тетово 31 отсто, a во Гостивар изнесува 28,15 отсто.

Пронајдете не на следниве мрежи: