И на „Инстаграм“ ќе има реклами кои не ќе можат да се прекинат

Компанијата „Мета“ започна со тестирање на функцијата наречена „Ad Break“(пауза за реклами). Станува збор за реклами кои нема да може да се прескокнуваат, со времетраење од три до пет секунди.

„Ad Breaks“ се нов начин за прикажување реклами на „Инстаграм“. Понекогаш ќе треба да гледате реклама пред да продолжите да ја гледате содржината, стои во описот на оваа функција објаснет од порталот Neowin.

Најавата предизвика критики на социјалните мрежи.

Наскоро (задолжителни реклами) доаѓаат на сите платформи. Ова ќе ми биде последната капка кога станува збор за Инстаграм. Можев да се справам со еден куп реклами расфрлани низ апликацијата, но задолжителни реклами?, пишуваат дел од корисниците.

Сè уште нема официјална потврда од компанијата кога (или дали) задолжителните реклами ќе бидат објавени на „Инстаграм“ во поголем обем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.