И Оливер Спасовски во трка за претседател

Потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски е единствен кандидат на општинската организација на СДСМ Куманово за претседател на Македонија, објави “Кумановоњус“.
-Општинската организација на СДСМ Куманово, како најголема општинска организација во партијата, а воедно и матична општинска организација на Оливер Спасовски, со одлука на извршниот одбор едногласно донесе одлука нашиот партиски другар Оливер Спасовски да биде единствен кандидат за претседател на Република Македонија на престојните претседателски избори. Со ова се надеваме дека ќе успееме да имаме претседател на држава од Куманово – изјави Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ Куманово.
Едногласна поддршка Спасовски добил и од сопартијците во Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка, a во Кратово имало 5 кандидати.
Покрај Оливер Спасовски најсериозни кадидати се Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски и Никола Димитров.

Loading...