И покрај енормните задолжувања капитални инвестиции нема

Loading...

Според објавените податоци на Министерството за финансии реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли . Продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза.
Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во перидот од јануари до август годинава се реализирани само 23,33 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година. Ова е убедливо најмалку во последната деценија. За годинава беа планирани 392 милиони евра за капитални инвестиции.
Кон крајот на минатата година, кога Предлог буџетот за 2018 година, веќе беше влезен во Собранието, премиерот Зоран Заев за време на седницата наменета за пратенички прашања ги повика министрите, замениците министри, пратениците и градоначалниците да доставуваат проекти. Како што рече премиерот „пари има, но стојат бидејќи нема проекти“.
Тогаш Заев најави дека со Буџетот за 2018 година за првпат ќе има успешно реализирање на капитални нфраструктурни проекти на граѓаните во зависност од капацитетноста и подготовката на проекти за водоводи, канализации, училишта, детски градинки и локални патишта.
-Новото правило во реализација на буџетот за 2018 година кое што го воведовме, има поставено пред себе две цели. Првата цел е да се мотивираат општините, регионите, граѓаните и институциите да создаваат проекти за капитална инфраструктура од било кој карактер и втората цел е да го зголемиме процентот на капитални инвестиции во Република Македонија. Од тој аспект дадовме апел и до сите пратеници и до сите градоначалници и институциите под општините, под државата и центрите за развој на планските региони во Република Македонија. Секој проект кој ќе биде на ниво на главен проект изработен, се доставува до институциите и тој станува комплементарен дел на програмата на соодветното министерство.
Сепак, на истата собраниска говорница по пола година, кога капиталните проекти заклучно со мај остварија поразувачки резултат од само 11 отсто, одговарајќи на пратенички прашања во однос на капиталните инвестиции и слабата реализација, премиерот Заев сакајќи да избегне дговорност за катастрофалните резултати кажа дека виновник за тоа е претходната влада и наследените проблеми при реализацијата на двата автопата, како и закочената изградба на железницата.
Владата на почетокот на оваа година се задолжи со еврообврзница од половина милијарда евра за која само по основ на камати треба да се платат 96 милиони евра.
Истовремено, Министерството за финансии редовно повлекува милионски суми и на аукциите на државни хартии од вредност.

 

loading...