И трет Бугарин почина по самозапалување

Loading...

Третиот Бугарин кој неодамна се самозапали во знак на протест им подлегна на повредите во неделата, соопштија од болницата во Пловдив.Педесет итригодишниот Венцислав Василев, невработен, татко на пет деца кои живеат во сиромаштија, се запали на 26-ти февруари пред градскиот совет во местото Рандево, во јужниот дел на Бугарија.„Седумдесет ипет отсто од телото му беше изгорен и вдишал отровен гас“, се наведува во соопштението од болницата од Пловдив каде што беше хоспитализиран Василев.Василев тргна по примерот на 36-годишниот Пламен Горанов кој на 20-ти февруари се запали пред градскиот совет во источниот град Варна,, парајќи оставка од градоначалникот и целиот градски совет. Истиот ден, само два часа подоцна премиерот Бојко Борисов, ја поднесе најавената оставка, како и на целиот негови владин кабинет.Пламен Горанов кој на 3-ти март почина во болница, стана симбол на протестите против корупцијата во Бугарија. Неговиот очајнички чин ја предизвика оставката на конзервативниот градоначалник на Варна, Кирил Јорданов кого демонстрантите го обвинуваат дека е инструмент на моќно претприемачко лоби во градот коешто ги уништило малите и средни претпријатија.На 19-ти февруари, во северниот град Велико Трново, се самозапали 26-годишно момче, но неговиот чин не се поврзува директно со протестите коишто цел месец наназад ја потресуваат Бугарија.Бугарите низ целата земја речиси секојдневно излегуваат на протести против сиромаштијата и „корупцијата на политичката класа“. Масовните протести на граѓаните кои првично беа предизвикани од високите сметки за електрична енергија, потоа прераснат во општо движење на незадоволство од владата, од политичките елити и од вкупната ситуација во земјата.
МакфаксТретиот Бугарин кој неодамна се самозапали во знак на протест им подлегна на повредите во неделата, соопштија од

loading...