Кабина излета од панормско тркало, загина 8-годишно девојче

Осумгодишно девојче го загуби животот во тешка несреќа откако кабина испадна од големо панорамско тркало во забавен парк во Анантапур, Индија.
8-годишното девјче Амрита загина на лице место, а уште шестмина (од кои три деца) се тешко повредени и во моментот се во болница.

Како што пишуваат тамошните медиуми, веднаш по несреќата посетителите го претепале операторот на машината, кој подоцна бил уапсен од страна на полицијата.
Очевидци го предупредиле дека кабината изгледа нестабилно уште пред несреќата, како и оти би можело да дојде до несреќа, но тој наводно бил премногу пијан.