Кагава влезе во историјата на Премиер лигата

Loading...

 Манчестер Јунајтед сигурно чекори кон освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата, откако во 28.коло го победи Норич со 4:0.Колото во Премиер лигата, а во пресрет на дербито Тотенхем-Арсенал, мина во знакот на Кагава и Суарез кои постигнаа по три гола за своите екипи.Јапонецот Кагава постигна ‘хет трик’ во победата над Норич од 4:0 и влезе во историјата на Премиер лигата како прв играч од Азија кој постигна три гола на еден меч во лигата.Инаку, Рајан Гигс воопшто не беше во составот на Манчестер Јунајтед, така што легендарниот Велшанец 1.000 натпревар во кариерата ќе го одигра во вторник против Реал Мадрид.Три гола постигна и напаѓачот на Ливерпул, Суарез во победата од 4:0 на неговиот тим во Виган.Челзи со голот на Ба го порази Вест Бромвич Албион, а натпреварот го обележаа навивачите на домашниот тим кои уште еднаш му порачаа на менаџерот Бенитез да си замине од клубот.Евертон без поголеми проблеми излезе на крај со Рединг, додека ‘фенерџијата’ Квинс Парк Ренџерс во Саутемптон освои важни бодови во борбата за опстанок.Важна гостинска победа во Стоук забележа Вест Хем, додека Свонси во финишот го скрши отпорот на Њукасл.Фулам два пати водеше во Сандарленд, но на крајот домаќинот стигна до бод. Резултати:Манчестер Јунајтед-Норич 4:0Виган-Ливерпул 0:4Евертон-Ридинг 3:1Челзи-ВБА 1:0Свонси-Њукасл 1:0Стоук-Вест Хем 0:1Сандерленд-Фулам 2:2Саутемптон-Квинс Парк Ренџерс 1:2.
Макфакс Манчестер Јунајтед сигурно чекори кон освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата, откако во 28.

loading...
Loading...