Каде во Македонија почна да паѓа снег?

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци на кашест снег на коловозот.
Како што соопшти ЈП “Македонија пат“, врнежи од снег со среден интензитет има на Попова Шапка, а со послаб интензитет во Маврово, Крушево и на планинските превои Стража и Буково. На патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир врнежите се од дожд и снег.
Поради појава на магла, видливоста е намалена од 20 до 50 метри на планинскиот превој Стража.
ЈП “Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП “Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.