Каде летуваат славните?

Loading...

Кога станува збор за славните и местата каде одат на одмор, главни фактори за одбирање на победничката дестинација се убава природа, приватност и можност за релаксација.
Штом познатите кои можат да си приуштат баш сѐ ги одбрале следните места, значи навистина вреди да се посетат.
На првото место на листата на најпосетени дестинации од славните за време на летото се најде островот Некер, кој е дел од Британските Девствени острови. Овој остров е во сопственост на Сер Ричард Бренсон, а до сега бил прибежиште на славни личности како Стивен Спилберг, Мајкл Даглас, Мараја Кери, Мел Гибсон, Опра Винфри, Харисон Форд и Памела Андерсон.

Иако фотографиите говорат доволно за причината за посетеноста на островот, таму можете да изберете дали одморот ќе го поминете релаксирано или пак ќе доживеете незаборавен одмор полн забави. На Некер нема што нема. Добивате приватна сала за вежбање, опрема за нуркање, тениски игралишта, 14 приватни плажи, бескраен базен, јавање коњи, спа центар и што ли уште е. Целото задоволство ќе ве чини „само“ 2,000 долари од вечер.

Малку поразлично искуство, но воопшто не помалку добро од островот Некер е Сен Тропе во Франција. Некој го знае од истоимената серија која одамна играше на нашите екрани, а некој чул дека таму се прават најдобрите забави па уште од времето на Бриџит Бардо е едно од најпосетените места од страна на славните.

За разлика од претходната дестинација која нудеше приватност, во Сен Тропе славните одат за да бидат видени како се забавуваат низ многуте елитни клубови, како шетаат низ историскиот дел или како уживаат во превкусна француска кујна. Помеѓу посетителите на Сен Тропе влегуваат Бекамови, Бијонсе и Џеј Зи, Кејти Холмс, Киану Ривс, Париз Хилтон и Кели Роланд.

Мауи е посакувано од славните бидејќи е многу блиско со копното на Хаваи, а одморањето на Хаваи отсекогаш ги привлекувало славните личности. Дури и Елвис Присли бил заљубен во ова место уште од 1950тите години.

Покрај сите можни начини на рекреација и сите места погодни за посета кои ги нуди Мауи, ова место е едноставно рај. Токму затоа по плажите често може да се забележат славни личности како Бен Афлек, Овен Вилсон, Џенифер Гарнер, Линдзи Лохан, Хелен Хант и Бритни Спирс.

Кабо Сан Лукас во Мексико, исто така познато само како Кабо е уште едно омилено место на славните, кое е одалечено само еден краток лет со авион. Кабо нуди бескрајни бели песочни плажи, резорти со 5 ѕвездички, интернационална кујна, изворедни спа услуги и професионални часови по голф.

 
Затоа оние најпознатите како Џенифер Анистон, Џорџ Клуни, Боно, Гвинет Палтроу и Кортни Кокс, го посетуваат ова место и повеќе пати во текот на годината.

 
Која од овие неверојатни дестинации би ја избрале вие?Кога станува збор за славните и местата каде одат на одмор, главни фактори за одбирање на победничката дестинација се

loading...
Loading...