Каде јадат светски познатите готвачи

Loading...

Иако готват во најпознатите и најскапите ресторани низ цел свет, светските мајстори на готвењето секогаш свраќаат во неколку места за врвна, но и со достапни цени храна зготвена на едноставен и традиционален начин.
Британското списание Guardian  објави листа на ресторани кои познатите готвачи ги објавиле како свои омилени во своите книги. Листата оди од Истанбул до Скандинавија…
„Lа Мerenda” – Ница

Во овој ресторан се плаќа само во готовина, нема телефон и затворен е за викендите. Тоа е мал и шармантен ресторан во стариот дел на Ница, останат единствен од старински тип во тој дел на градот. Готвачот Доминик Ле Станц ја превземал „Lа Мerenda” во средината на деведесетите која тогаш сервирала едноставна домашна храна. Направил многу али измени на ресторанот, а тој готви во едноставна отворена кујна во задниот дел од ресторанот. Менито е напишано со креда на табла. Изборот на јадење е мал и се менува според годишните времиња. Просечна цена на главно јадење во „Lа Мerenda” изнесува 12 евра.
„Bodega Donostiarra” – Сан Себастијан     
         
„Bodega Donostiarra” е традиционален бар основан во 1928 година во маалото Грос. Тука ќе наидете на многу локални стари гости, како и многу познати  странци за време на познатиот меѓународен филмски фестивал. Ресторанот е познат по обемните оброци, незаборавните морски специјалитети , туната, мезето и  одличното локално вино. Сена на цела вечера за еден е околѕ 39,5 евра.
„Tapas 24” – Барселона

Овој ресторан е сместен во пријатна подрумска просторија и нуди кратко мени од деликатесни залчиња кои се јадат со прсти. Помеѓу мезињата кои ги нуди „Tapas 24” се крокети од солен бакалар и каталонски специјалитети како бикини залче или шкембица. Ресторанот е отворен секој ден, а цената на една даска со мезе е околу 2 евра.
„Chez Georges” – Париз

Иако главниот град на Франција е преполн со ресторани со слични имиња на овој, дефинитивно треба да го посетите овој барем на чаша вино или две. Во латинскиот кварт во Париз со мала промена од отворањето во 1964 година, овој ресторан работи 5 дена неделно, а цената на едно главно јадење изнесува околу 20 евра.
„Kizilkayalar” – Истанбул

Сопствениците на овој ресторан за брза храна на плоштадот Таксим во Истанбул сакале ресторанот да се разликува од оние кои се отворале во 70тите години во Истанбул. Својот најголем специјалитет го нарекле мокар или „islak” бургер, а познат е по тоа што по пецивото за бургерот е премачкано со сос од домат, лук и маслиново масло. Сè се пече во посебни рерни, а цените се и повеќе од достапни.
„Curry 36” – Берлин

Во градот на безброј штандови, па и музеј посветени на берлинскиот специјалитет „currywurstu”(колбаси со кари) постои и еден 1980 година кој успеа да ја победи секоја конкуренција. Можеби причината за тоа е што е сместен на крајот на централната подземна железница Мехрингдам, па затоа постојано има луѓе. За секое „currywurstu” со било каков прилог ќе платите само 1,32 евра.
 „00100” – Рим

Љубителите на италијанските специјалитетите ќе ги најдат во највкусна варијанта, каде ако не во Италија. Пица, „focacce pugliesi” и „tramezzini” се дел олд специфичните италијански рецепти кои ги спојуваат вкусовите на домат, нане, волски реп, морков, целер и слино. Бидејќи ресторанот е мал, најчесто се спрема за храна за носење по цена од околу 13 евра за килограм пица.
„Ostermalms Korvspecilist” – Стокхолм

Сите граѓани на Шведска се слождека најдобриот хот-дог во светот е токму оној од Стокхолм. Познат како Бруно со огромен избор од аргентински колбаси „чоризо“, до туниски мергуез или романски кабанос. Дури и вегетаријанците можат да пронајдат варијанта на хот-дог за нив кај Бруно.
„Dе Kas” – Амстердам

Шефот на ресторанот Герт Јан Хагеман  во 2001 година го спасил рушењето на детска градинка, и на нејзиното место го отворил токму овој ресторан. Ресторанот е модерен стакленик исполнет со природна светлина. Во медитеранското мени на овој ресторан ќе пронајдете и медитеранско овошје и билки кој ги одгледува сопственикот на плантажа оддалечена 10 километри од ресторанот. Цената на главен оброк е околу 19 евра.
„The Coffee Collective” – Копенхаген

Данците своето кафе го доживуваат многу сериозно, па барот „The Coffee Collective” е надалеку познат како најдобар во градот без конкуренција. Тука ќе искусите свежо пржено кафе, испржено пред вашите очи. Иако готват во најпознатите и најскапите ресторани низ цел свет, светските мајстори на готвењето секогаш свраќаат во н

loading...
Loading...