Казни за нееднаквост на платите во Франција

Loading...

Претпријатијата кои нема ефикасно да се изборат против нееднаквоста на платите меѓу мажите и жените во Франција ќе бидат санкционирани.

Казните ќе следат доколку фирмите во рок од шест месеци не преземат ниедна мерка за изедначување на заработката на родова основа, изјави француската министерка за правата на жените,. Нажат Валод-Белкасем.
 
Според последното истражување кое Францускиот национален институт за статистика INSEE го објави во петокот, по повод празникот на жените, во Франција во приватниот сектор жените имале во просек за 28 отсто пониска плата отколку мажите.
 
„Кога дојдовме на власт, половина од фирмите немаа ниту направено анализа на висината на платата по родова основа, како што се бара со законот”, рече министерката и додаде дека во декември лани, променета е постапката на контрола на претпријатијата за во оваа смисла да се постигне поголема ефикасност.
 
Доколку не се преземе ништо во рок од шест месеци, фирмите ќе бидат казнети, најавува Валод-Белкасем, а износот на казната за почеток ќе биде во висина од еден отсто од платниот фонд.
Макфакс
Претпријатијата кои нема ефикасно да се изборат против нееднаквоста на платите меѓу мажите и ж

loading...
Loading...