КАКВА Е ДЕЛУМНАТА МОБИЛИЗАЦИЈА ШТО ЈА НАЈАВИ ПУТИН ДЕНЕСКА? ТОЈ ПРАКТИЧНО МУ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ЗАПАДОТ

Дефиницијата за делумна мобилизација значи ангажирање на дел од одбранбениот потенцијал на земјата која ја има најголемата резервна армија во светот.

КАКВА Е ДЕЛУМНАТА МОБИЛИЗАЦИЈА ШТО ЈА НАЈАВИ ПУТИН ДЕНЕСКА? ТОЈ ПРАКТИЧНО МУ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ЗАПАДОТ

Рускиот претседател Владимир Путин утринава во своето прво обраќање до нацијата по инвазијата на Украина, меѓу другото најави и делумна мобилизација. Ова е прва мобилизација во Русија по Втората светска војна

– Ќе одржиме референдум за луѓето во тие региони слободно да го кажат своето мислење. Мислам дека ова решение е неопходно за да се заштити нивниот суверенитет. Исто така, ќе извршиме и делумна мобилизација. Нагласувам – ДЕЛУМНА.

Почнуваме денеска – рече Путин и додаде дека и многу офицери ќе добијат дополнителна обука. Путин затоа, како што шпекулираше во јавноста, не најави општа мобилизација. Путин и онака не би добил многу од тоа; толпа цивили незаинтересирани за војна и целосно необучени, чија смрт веројатно би го свртела рускиот народ против владата.

Путин истакна дека студентите нема да бидат мобилизирани на ниту еден начин.

Но, мобилизацијата, дури и оваа делумната, сега значи официјално признавање дека специјалната операција е завршена и дека тоа, од перспектива на Путин, е војна за опстанок на Русија.

Дефиницијата за делумна мобилизација значи ангажирање на дел од одбранбениот потенцијал на земјата. Според начинот на спроведување, таа, како и општата мобилизација, може да биде јавна (преку јавни комуникациски средства, во случај на директна воена опасност) и тајна (со објавување посебни наредби или однапред пропишани сигнали, за време на предвоената ситуација за постепено ангажирање на резервните единици).

Во овој случај, делумната мобилизација речиси сигурно значи вклучување во конфликтот во Украина на сите оние со претходно воено искуство.

Според последното официјално соопштение на руското Министерство за одбрана, во овој случај тоа значи мобилизација на 300 илјади луѓе. Русија има најголем број резервисти во светот, според рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, 25 милиони од нив.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.