Привлечност може да постои од најразлични причини, па понекогаш можеме да бидеме фасцинирани од некоја личност дури и ако истата не ни одговара сексуално.
Постојат повеќе работи во целокупната комбинација која ја прави некоја личност привлечна, а сексуалната привлечност е само една од нив:
– Сексуална привлечност
Сексуална привлечност е чувство кое предизвикува желба за сексуален контакт со одредено лице. Ако постои хемија, без потреба од друг вид комуникација, ова е чиста сексуална привлечност.
– Сензуална привлечност
Слична е како сексуалната, но овој вид привлечност е повеќе софистициран. Додека сексуалната привлечност е релативно сурова, сензуалната привлечност подразбира нежност и малку подлабока емоција.
Ова е желба да се прават сензуални (но не и сексуални) работи со некое лице.
– Романтична привлечност
Романтична привлечност е желба за романтична врска со одредена личност. Потреба да се запознаете, да се држите за рака и да ги споделувате интимните детали за себе. Овој вид на привлечност е основата на повеќето врски.
– Занес
Дечкото од соседството што го среќаваме понекогаш, колегата или некој што ни е многу привлечен, но веројатно нема да сториме ништо во врска со тоа. Овие лица се одлични за флертување и подигање на самодовербата, но оваа привлечност е честопати само пријателска.
– Платонска привлечност
Платонска врска значи длабока поврзаност и меѓусебно почитување и восхитување, но без желба за романтична врска или сексуален однос.