Какви пријателки и се потребни на една девојка?

Loading...

Според многу истражувања пријателствата се од огромна важност за секој од нас. Тие влијаат врз нашата долговечност, а не штитат и од депресија и срцеви заболувања. Па, решивме да споделиме со вас какви пријателки би требало да има секоја девојка за сликата да биде совршена.
1.    Пријателка од детството
Пријателката од детството те знае тебе и твојата фамилија најдобро од сите, па затоа секогаш ќе те разбере, а никогаш нема да имаш потреба да и се оправдуваш.
 2.    Брутално искрена
Таа е онаа пријателка која никогаш нема да проба да ја разубави вистината и секогаш ќе биде брутално искрена со тебе. Иако не секогаш ќе бидеш подготвена да ја слушаш вистината, ваква пријателка е дефинитивно неопходна.
 3.    Советничка
Пријателка која во секој момент го има вистинскиот совет за тебе, макар и ако понекогаш ги бира зборовите. Таа исто така нема да те осуди за ништо.
 4.    Позитивка
Таа секогаш размислува „розово“ и за неа не постои проблем кој нема решение. Секогаш ќе биде крај тебе да те мотивира, и сигурно ќе те натера на нешто што до сега не си ни помислила да го направиш. Исто така, позитивните девојки имаат добра смисла за хумор, сакаат друштво и забавување.
 5.    Успешна
Таа е пријателка од која можеш многу да научиш и секогаш ќе тера да се стремиш да бидеш подобра и поуспешна. Според многу истражувања пријателствата се од огромна важност за секој од нас. Тие влијаат врз нашата долговечност, а

loading...
Loading...