Каков пол ќе биде вашето дете?

Loading...

4. Живеете заедно помалку од една година?

Ако врската е сè уште свежа и возбудлива, поголема е веројатноста дека ќе уживате во почест и страстен секс. Честите сексуални односи ја прават спермата полесна – ваквите сперматозоиди имаат помали глави и пократки опаши, пливаат полесно низ помалку „гостопримливата“ плодна слуз, што обично е случај на почетокот и на крајот на плодните денови од циклусот. Ваквите сперматозоиди се задолжени за „правење“ машки деца, додека оние кои стигнуваат до јајце-клетките во средината на циклусот се одговорни за зачнување девојчиња. Честиот секс ги зголемува шансите да се зачне во првите или во последните саати на плодните денови, па веројатноста мајката да му се радува на машко дете се поголеми.

5. Сте го зачнале бебето во зимскиот период?

Во некои земји, повеќе девојчиња се зачнати во текот на зимските месеци, додека пак бројот на момчињата зачнати во текот на летото е поголем. Ова е дури забележано и во животинскиот свет. Објаснувањето за овој феномен може да се најде во бактериските инфекции кои често се јавуваат во текот на зимата, а сперматозоидите кои даваат момчиња и машки ембриони се послаби од женските, заради што мајките кои зачнале зимно време почесто добиваат девојче.

6. Дали сте под стрес?

Статистиката покажува дека момчиња се раѓаат за време на непрекинат стрес, како што било случај во воените периоди. Науката го објаснува овој феномен со покаченото ниво на тестостерон и кортизол што се случува при долготраен стрес.

7. Со што се занимава таткото?

Спроведени се повеќе истражувања во врска со поврзаноста помеѓу работата на таткото и полот на детето. Тие покажуваат дека работата која подразбира загадување и стресни ситуации може да резултира со раѓање девојче. Повеќе шанси да имаат девојче се и татковците кои работат и како професионални возачи, пилоти, нуркачи.

 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...