Каков телефон користи Бил Гејтс?

Тоа е дефинитивно телефон со Android.
Со оглед на тоа што е милијардер, што практично ја користи технологијата откако знаеме за него и дека се занимава со ИТ и иновации на највисоко можно ниво, луѓето се љубопитни да откријат што користи Бил Гејтс.
Досега неколку пати се шпекулираше кој телефон го користи Бил Гејтс, но сега е јасно – се работи за телефон со Android и не за било кој телефон!
За време на сесијата Ask Me Anything на Reddit, едно од прашањата што сега беа упатени до филантропот и активист за човекови права беше кој телефон го користи, а одговорот беше – Samsung Galaxy Z Fold3.
„Со толку голем екран, во еден уред имам пренослив компјутер и мобилен телефон“, рече Гејтс.
Она што е интересно е што Galaxy Z Fold3 лесно може да се поврзе со уште поголем екран – безжично или преку USB – а потоа софтверот на телефонот може да се користи како пренослив компјутер со пристап до е-пошта, интернет прелистувач, видеоповици и други работи, користејќи безжичен глушец и тастатура за контрола и внесување податоци.
Претходно Бил Гејтс изјави дека користи смартфон со Android, но никогаш директно не одговорил кој телефон го користи, па ова е првпат.
Не се знае само дали користи класичен Galaxy Z Fold3 или некоја верзија што била специјално изработена за него.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.