Како водата ни помага да сме полни со енергија?

Loading...

За да имаме блескава кожа и сјаен тен, пред сè е важно да сме добро хидрирани. Ова особено се однесува на топлиот период од годината, кога често сме изложени на UV зраците.
Не дехидрира само нашиот организам, туку и нашата кожа. Па затоа, ако приметите дека тенот ви е сивкаст, а кожата ако ви е склона на лупење и изгледа безживотно, размислете дали пиете доволно вода.
Кожата за да биде нахранета, меѓудругото потребна ѝ е вода, која им помага на сите клетки подеднакво да снабдуваат кислород и други хранливи материи. Бидете убави и полни со енергија, каде и да се појавите.


„Водата е најважна хранлива материја и внесување на потребната количина е неопходен дел од здравата исхрана, со оглед на бројните функции кои водата ги има во нашиот организам. Светската здравствена организација сугерира дека просечна жена треба да внесе 2,2 литри вода дневно“, истакнал д-р Остројиќ, кој има 15 години работно искуство како доктор и физиолог на врвните спортисти.
Следниот пат кога ќе излезете од вашиот дом, или доколку веќе сте надвор, можете да се освежите со нискоминерална вода, бидејќи е идеална за секојдневна консумација и е погодна за целото семејство, без оглед на возраста. Освежете го и хидрирајте го вашиот организам, во секој момент.

loading...