“Како го читам Конески“- денес промовирана во Небрегово

Loading...

Како држава треба да посветиме поголемо внимание на зачувувањето на македонскиот јазик, затоа што има се помалку студенти кои се запишуваат на македонски јазик и книжевност – истакна промоторот на книгата, универзитетскиот професор Максим Каранфилоски.

Промоцијата се одржа денес, на Денот на независноста на Р.М. во родната куќа на книжевникот и академик Блаже Конески. Почит пред неговата биста оддадоа членови на Владата и Општина Прилеп, а беше одржана и пригодна програма.

Бројни слависти и писатели, како Вера Стојчевска Антиќ, Трајко Стаматоски и Мирјанка Ристеска Селчанец потсетија за зборовите на големиот Конески – дека македонскиот јазик мора да се чува, да се зборува и да не се заборави.

loading...