Како да ги отстраните дамките од пот?

Отстранувањето на тврдокорните дамки од облеката може да биде напорно, особено ако не може да најдете средство доволно ефикасно за да го направи тоа брзо и лесно.
Како најчесто може да ги исчистите дамките од пот на белата облека?
Одговорот се наоѓа на Facebook страницата на британската „кралица на хигиената“ Софи Хинчлиф. Според нејзина обожавателка, тајната комбинација за лесно отстранување на жолтите дамки се средство за миење садови (бидејќи ефикасно ги отстранува маснотиите) измешано со сода бикарбона и хидроген пероксид.
„Во сад измешајте сјај и хидроген пероксид, во размер 1:2. Нанесете ја смесата на жолтите дамки, а потоа посипете со сода бикарбона. Ако сакате, веднаш може да додадете сода на смесата и така со трите состојки да направите сопствено средство за чистење со кое ќе ги третирате ваквите дамки. Потоа, местата каде е нанесено средството нежно исчистете го со четка за чистење или со четка за миење заби. Оставете така да постои еден час, а потоа исперете“, советува таа.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.