Како да го зголемите вашиот сексипил

Loading...

Еве четири совети како да изгледате сексуално привлечни за мажите. Експертите велат дека постојат неколку едноставни правила кои можат веднаш да ви го зголемат сексипилот.
Носете црвено
Истражувачите од Универзитетот во Рочестер открија дека мажите повеќе ги привлекуваат жени кои носат црвена боја. И тоа не е се, жените кои носат краток црвен фустан, најверојатно, ќе бидат изведени на најубави и најинтересни места на состанок.
Гледајте го во очи
Тоа изгледа толку обично, но истражувањата покажуваат дека мажите ги привлекуваат жени кои не се плашат да ги погледнат директно во очи. Значи, следниот пат кога ќе видите симпатично момче во клубот, не глумете и не играјте игри. Гледајте го во очи и насмевнете му се. До крајот на вечерта ќе имате пијачка и негов телефонски број.
Одредете датум
Кога ќе организирате состанок, бидете сигурни дека го знаете вистинскиот датум. Ве збунивме? Истражувањата покажуваат дека најверојатно ќе ги привлечете мажите во оние денови кога овулирате.
Истражување на Универзитетот во Виена покажува дека на 14-тиот ден во циклус од 28 дена, жените лачат хемиски супстанции, чија миризба е неодолива за мажите.
Користете го вашиот секси глас
 Истражувањата покажуваат дека мажите сакаат жени со пискав глас. И да бидеме попрецизни, повеќето од нив се привлечени од жени со глас како да воздивнуваат. Ние знаеме зошто, нели?
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 Еве четири совети како да изгледате сексуално привлечни за мажите. Експертите велат дека постојат неколку едност

loading...