Како да го натерате да се заљуби во вас?

Loading...

Во најголемиот број на случаи, девојките веднаш ја покажуваат нивната емотивна поврзаност после одличен секс. Тие стануваат ултра-флексибилни и апсурдно внимателни со нивното момче. Стануваат исклучително нежни кон него а, таквиот однос во ваква ситуација е сосема погрешен.
Кога жената од сензуална заводничка ќе се претвори во емоционална лепенка(обично од страна на мажите оваа појава така се гледа), тоа само ги потврдува стравувањата на момците од врзување и моногамија. А со тоа исчезнува и секоја мисла за емотивна поврзаност со една девојка.
Но, не грижете се! Можно е да се надмине овој критичен момент и да го претворите заводникот кој се плаши од обврски во целосно предано момче.
Прво, добриот секс (или било каков) не треба да ве претвори во “гугутка”или лудо заљубена емотивка. Многу попаметна тактика е да го свртите вниманието и да не му покажувате никакви реакции, така ќе размислува за тоа што мислите вие за сето време додека двајцата тонете во сон. Следете ги овие пет чекори за неговата страст да ја претворите во љубов:
Прв чекор: Откако ќе му го покажете се она што го знаете во кревет, држете се настрана од него. Повлечете се на другиот крај на креветот и не иницирајте физички контакт. Ако тој ве охрабри, не го оттргнувајте од себе, но немојте ни премногу да реагирате на тоа. Потоа убаво заспијте.
Втор чекор: Следното утро изненадете го и иницира јте уште еден луд секс. Задоволете се меѓусебно, истуширајте се и потоа одете си дома – без да покажувате емоции или долго збогување.
Трет чекор: Не го барајте први. Колку и тој да ви е потребен, дури ако е потребно цела недела, тој нека ве контактира прв.
Четвртти чекор: Немојте веднаш да бидете достапни. Сите знаеме дека – луѓето го сакаат она што не можат да имаат. Значи, вие немојте веднаш да прифатите да излезете на состанок со него. Кажете му дека баш тогаш неможете зошто, за жал, веќе имате планови. Договорете средба најмалку една недела подоцна.
Петти чекор: Следниот пат кога ќе се состанете, обидете се да не го вклучите сексот. Договорете кафе, вечера или кино, а потоа смислете причина зошто не можете да отидете кај него или тој кај вас. На овој состанок поврзете со со него емотивно. Разговорот нека биде подлабок и поинтимен од порано, но немојте да претерувате, или да ги откривате вашите чувства кон него. И не го споменувајте добриот секс кој сте го имале. Ако тој го спомене, вие само насмевнете се и не коментирајте. Тој сега го знае сето она што вие го умеете во кревет, па покажете му го и она што го знаете надвор од него.
Заинтригирајте го, така следната ноќ ќе ви биде полна со страст, но и емоции кои се елементот кој сте го сакале уште од самиот почеток!
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Во најголемиот број на случаи, девојките веднаш ја покажуваат нивната емотивна поврзаност после одличен секс. Тие стан

loading...