Како да го поминете циклусот полесно и без болка

Loading...

Околу 80 % од жените во некој период од својот живот страдаат од менструални грчеви .Многу жени страдаат од нив за време на првиот ден.Повелете пробајте еден народен стар рецепт за нивно ублажување. Во еден сад ставете пола литар вода и додајте три супени лажички мед. Оваа вода со мед потоа загрејте ја и оставете да врие 5 минути.
Потоа префрлете ја во друг сад во кој ќе ставите 3 грама од травата пелин.Садот затворете го херметички и оставете да се лади 20 минути , а потоа чајот процедете го. Оваа течност комзумирајте ја на секој саат по една супена лажичка. Доколку не ви се смири болката со овој чај или ви се гледа комплицирано да го направите пробајте на следниов начин да се решите од болката. Исечете танки резанки од јачмен или ржан леб испечете ги да станат, како двопек.Потоа земете една чаша црвено вино натопете го двопекот во неа и јадете .

loading...