Како да го „припитомиме“ свекрвиштето?

Loading...

Мајка му постојано се јавува, или уште полошо – доаѓа често и неочекувано. Ве критикува ли постојано што и како јадете, готвите, облекувате или чистите? Се жали на вашиот сопруг дека сте груба, нетрпелива и се однесувате со неа без респект? Се обидува ли да ве манипулира, набивајќи ви вина секогаш кога животот на вашето семејство не се врти околу неа? Се чувствува ли задолжена да влијае на вашите родителски методи, само затоа што таа е бабата? Го поставува ли вашиот партнер во позиција да избира помеѓу вас и неа?

Ако одговорите на повеќе од едно од овие прашања со да, тогаш вие имате работа со класичниот случај на СВЕКРВИШТЕ!  Во вакви случаи жените безпомошно се жалат на своите пријателки, стискаат заби и тивко внатре во себе страдаат или прекинуваат секаква комуникација со објектот наречен свекрвиште или изворот на нејзините проблеми. Но ова се само неадекватни реакции на проблемот, кои всушност не нудат и решение.

Вистината е дека треба да ги земете работите во свои раце и сами да го управувате сопствениот живот. Ќе ви понудиме неколку начини со чија помош ќе излезете од улогата на жртва и ќе си ја подобрите својата позиција во конкретната ситуација.

Најпрво вие треба да си обезбедите максимална подршка од луѓе кои ве разбираат, кои ќе ви докажат и потврдат дека вие повторно сте во право, со што автоматски ќе се зголеми вашата самодоворба и ќе реагирате многу поадекватно кога ќе затреба. Освен тоа кога самодовербата ќе ви биде подигната од подршката на блиските луѓе, вие ќе сватите дека мислењето на свекрвата не стои над вашето и вие всушност немате потреба од нејзиното одобрување или не.

Вие и вашата свекрва сте две зрели жени, поставени на исто ниво, па затоа во никој случај не се однесувајте како послушно дете. Таа има сила да ве провоцира до таму, до каде што стига нејзината власт над вас. Размислете со какви средства го постигнува тоа и елиминирајте ги.

Тоа што вие сте снаата и сте помлада не значи дека треба да сте плашливо суштество без свои потреби, чувства и свое мислење. Обично не е потребно да влегувате во тешки конфронтации за да го постигнете своето, но важно е да бидете цврста и одлучна кога ќе треба. Кажете и: „Жалам што си вознемирена, но моето решение е дефинитивно и нема место за понатамошен разговор по темава!“

Во повеќето ситуации е подобро да печалите респект кон себе си заштитувајќи се сама, а не да чекате помош од сопругот.

Заштитете ги своите граници! Стојте цврсто зад своите ставови и помирете се со фактот дека таа ќе се мурти и ќе се лути. Само затоа што таа е бесна или навредена, не значи дека вие сте направиле нешто погрешно. На крајот и таа ќе се помири со фактот како резултат на вашиот цврст став и промената кај вас.

И за крај: веројатно сте го слушнале изразот: „Не е важно што велиш, а ќе го кажеш!“ – основна дефиниција за разговор со ваквите роднини. Да ги заштитите своите потреби и граници кои сте ги поставиле, не е ни малку навредливо, но е важно да го направите на вистинскиот начин – остроумно, со самодоверба и достоинство!

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...