Како да измиете загорен сад? Тајната состојка ја имате во кујната!

Избегнувајте го агресивното чистење и главоболките предизвикани од тврдоглавите дамки, дури и највештите во кујната понекогаш откриваат дека храната може да им загори и како резултат на тоа добиваат уништен сад, тврдокорни дамки, кои се чини дека никогаш нема да се измијат.

Тогаш повеќето луѓе прибегнуваат кон грубо триење со жица или со агресивни хемикалии, но како и секогаш, решението е таму каде што настанал проблемот – во вашата кујна.
Иако содата бикарбоната е повеќенаменски производ кој многу се користи не само во исхраната, туку и во домаќинството кога станува збор за чистење, уште една работа што повеќето луѓе секогаш ја имаат во својот дом, ги отстранува тврдоглавите, изгорени траги од храна на садовите.

Тоа е прашокот за пециво. Значи, сè што ви треба за целосно и без напор да го измиете загореното јадење е една кесичка од овој производ, кој најчесто се користи за подготовка на колачи.
Истурете три прста вода во загорениот сад, додадете прашок за пециво и загреје до вриење. Изгорените делови треба да почнат сами да се одвојуваат, а можете да користите и стара четка за заби или посебна четка за миење садови.

Ако не успеете првиот пат, повторете ја постапката, а потоа тенџерето или кој било друг сад измијте го по вообичаена процедура, со малку детергент и млака вода.
Примената на овој трик ќе ви заштеди време, а изгорените садови повеќе нема да ви задаваат главоболки, и секогаш ќе бидат брилијантно чисти.

Пронајдете не на следниве мрежи: