Како да му ставите крај на токсичното пријателство?

Сигурно многумина од вас се прашале досега како да му стават крај на токсичното пријателство. Вреди да се спомене дека како што токсичната врска може да ви нанесе штета, така и токсичните пријателства можат да бидат подеднакво болни и трауматизирачки.

Прв метод
Најдобриот начин да го прекинете пријателството е на директен начин да ѝ оставите до знаење на другата личност дека сте размислувале за ова прашање и дека не ви се допаѓа одреден аспект од нејзиното однесување. Посакајте ѝ се најдобро иако сте решиле да ги прекинете сите контакти бидејќи сигурно не сакате да се впуштите во непотребна расправија.

Како да му ставите крај на токсичното пријателство?

Втор метод
Разговарајте со пријателот за причините поради кои сметате дека пријателството е токсично. Тргнете од претпоставката дека тој/таа можеби и не е свесен/а за своето токсично однесување. Потсетете го на квалитетите кои сте ги препознале во вашето пријателство, но и оставете му до знаење дека според вас не е возможно продлабочување на пријателството доколку првин не бидат решени овие проблеми.

Трет метод
Доколку не можете директно да им објасните на пријателите дека сакате да прекинете со ова пријателство, тогаш обидете се да ги игнорирате. Кога ќе ви се јават, однесувајте се учтиво, но не третирајте ги како да се дел од вашиот внатрешен круг.

Пронајдете не на следниве мрежи: