Како да направите кајгана како професионалец?

Loading...

Ако сакате да го започнете денот со вкусна кајгана, тогаш пригответе ја како професионалец.
Првин скршете ги јајцата и додадете една лажичка вода, тоа ќе даде посебна текстура на кајганата. Изматете ја смесата, белката и жолчката добро да се измешаат.
За подготовка на вкусна кајгана важно е јајцата да се подготват на ниска или средна температура.
Во тавчето за пржење ставете путер или масло по желба. Откако маслото ќе се загрее, додадете ги јајцата па посолете. Не ја мешајте кајганата додека не забележите дека краевите се испржени.
Кога ќе забележите дека краевите се цврсти и испечени, полека повлечете ги кон средината на тавчето, на тој начин ќе се разлее остатокот од јајцата.
Подготвената кајгана послужете ја во чинија и уживајте во вкусот.

loading...