Како да откриете дали сте еден за друг во првата година од врската?

Loading...
Кога станува збор за љубовни врски, невозможно е да генерализираме. Секој однос е различен. Некој ќе се вљуби на прв поглед, а на друг му треба повеќе време за да ја пронајде љубовта на својот живот. Но, на почетокот е навистина тешко да забележите дали врската ќе има иднина или не.

Еве неколку совети кои можат да ви помогнат:

Гответе заедно

На овој начин полесно ќе откриете дали функционирате како тим, односно дали партнерот ќе ви помага при извршувањето на обврските.

Патувајте заедно

Без оглед на тоа дали станува збор за еднодневен излет или патување од неколку дена, тоа е еден од најдобрите начини да откриете како функционирате заедно и да научите повеќе работи еден за друг. Заедничкото патување може да ве зближи или раздели.

Првата кавга

Доколку ве нервираат ситниците и постапките на партнерот, а молчите за да ја избегнете првата караница, тогаш е можно да го направите тоа во погрешен момент. Кавгите се неизбежни во секоја врска и подобро кажете го она што ве мачи отколку да го чувате во себе.

Запознајте ги неговите родители

Тоа уште повеќе ќе ја зајакне врската, а ќе имате прилика да го видите партнерот во вистинско светло. Начинот на кој се однесува кон неговите родители може многу да каже за неговиот карактер.

Уживајте во тишината

Ако понекогаш молчите, тоа не значи дека не сте добар пар. Сосема е нормално да снемате теми на разговор доколку сте постојано заедно. Тишината е секогаш добредојдена.

loading...