Како да се ослободите од мувите во вашиот дом?

Loading...

Мувите знаат да бидат прилично досадни, особено во летните месеци кога едноставно не може да ги избегнете. Без разлика дали се собираат на храна или само летаат наоколу, мувите не се безопасни, некои од нив пренесуваат вируси и бактерии.
Постојат неколку природни начини како да се ослободите од нив.
1. Редовно изнесувајте го сметот
Сметот од остатоци од храна и други намирници е идеален за мувите, особено во летните денови. Мувите го обожаваат мирисот на ферментирана и мувлосана храна, па затоа редовно изнесувајте го и грижете се кантите секогаш да бидат затворени.
2. Чувајте билки во домот
Одредени билки или зачини имаат силни мириси кои мувите не ги обожаваат баш многу. Пробајте да ги чувате во вашиот дом или да ги засадите во градина ако имате можност. Станува збор за босилек, лаванда, невен, ловоров лист и нане.
3. Муволовки
Како што кажува и самото име, овие билки се хранат со муви и други инсекти. Кога ќе ги посадите во градина сами ќе се хранат, додека чувани во домот во саксија може да ги храните со муви, комарци или молци. Секоја стапица може да свари до 4 инсекти пред да овене.
4. Мешавина од оцет и сјај за садови
Мешавината од оцет и средства за садови е одлична стапица за муви. Во висока чаша измешајте малку јаболков оцет (околу 3 сантиметри) со неколку капки сјај и покријте со проѕирна фолија. Преку фолијата ставете ластик за да стои цврсто на чашата и направете дупчиња. Мувите ќе бидат привлечени од мирисот на оцетот, но детергентот ќе ги залепи на дното.
5. Лепливи ленти и спреј против инсекти
Од помош може да бидат и лепливите ленти на кои мувите се лепат и остануваат на нив. Постојат и различни течности во спреј со чија помош може да се ослободите од мувите. Само внимавајте да не претерате со хемикалиите.

loading...