Како да се подготвите за самоизолација ако се лекувате од КОВИД дома?

Loading...

Луѓето кои се заразиле со новиот коронавирус и имаат лесни или умерени симптоми, се лекуваат во домашни услови. Во тој случај, важно е да имате одредени работи дома за побрзо закрепнување.
„Има едноставни чекори што можете да ги преземете за да се подготвите за самоизолација и закрепнување од лесен до умерен случај на COVID-19“, велат лекарите.
Набавете намирници и материјали за храна што може да траат од две до четири недели, а пожелно е да имате и средства за чистење, салфетки и тоалетна хартија.
Кога планирате да подготвите залихи, мислете на долгорочно складирање на хранливи производи. Тоа се ориз, тестенини, конзервирана храна, супи и замрзнат зеленчук и овошје.
Свежото овошје и зеленчук се исто така важни за здравјето и закрепнувањето, особено затоа што содржат мноштво основни хранливи материи. Покрај тоа, можете да го продолжите рокот на траење на овошјето и зеленчукот со тоа што ќе направите, на пример, концентрат за супа што ќе го замрзнете.


Што треба да набавите?
Водата треба да биде на самиот врв на листата за купување. Исклучително е важно да сте хидрирани, затоа е потребно да пиете големи количини на течности, особено ако се борите со температурата. Кашлица, дијареја и повраќање, исто така, се јавуваат кај луѓе кои се позитивни на COVID-19 и затоа треба да пијат многу течности.
Ако водата од чешма во вашиот дом е за пиење, можете да ја користите, во спротивно, експертите препорачуваат да се опемите со вода за најмалку 15 дена.
Лековите против болка исто така ќе ви ги олеснат деновите. Може да консумирате лекови за главоболки, болки во телото и за намалување на температурата.
Подгответе и марамчиња – COVID1-19 се шири првенствено со кашлање и кивање. И не заборавајте ги заштитните производи, како што се ракавици, сапун, средства за дезинфекција за да се спречи ширењето на короната кај членовите на семејството.


Препорачливо е да имате и дополнителни чаршави, крпи и пижами затоа што кога сте болни, ги контаминирате сите површини што ги допирате. Тврдите површини лесно се дезинфицираат, но постелнината, крпите и облеката треба да се перат на висока температура во машина за перење.
Витаминот Ц ја поддржува активноста на нашите имунолошки клетки, особено кога тие работат повеќе отколку што треба, како кога сте болни, потсетуваат лекарите и препорачуваат да земате најмалку 1.000 милиграми на ден.
Не занемарувајте го и менталното здравје. Ако се лекувате од корона во домашни услови, тоа значи дека ќе бидете во самоизолација.
Затоа, подгответе игри, филмови, книги и други работи што ве опуштаат и ве забавуваат за да ви помине времето побрзо.
Не заборавајте и на редовно одржување контакти со најблиските – одредете време во денот кога ќе се слушате телефонски или преку онлајн канали за комуникација.

loading...