Како за 5 секунди да откриете дали месото е свежо?

Loading...

Првиот совет е секогаш да им дадете предност на локалните производи кои поминале краток пат пред да се најдат во продажба. Но, покрај информациите на пакувањето, треба да обрнете внимание и на изгледот на месото.
Иако многу луѓе мислат дека е нездраво, маснотиите му даваат на месото многу од аромата и квалитетот. Квалитетното месо треба да има малку интрамускулна маснотија, а тоа може да се примети по белите ленти што личат на вени со кои месото е ишарано.
Ако купувате спакувано месо, не смее да има вода во него. Ако месото е во крвава вода, тоа значи дека е старо. За ова, како и за другите проверки, ви требаат само 5 секунди.
Боја
Идеалната боја на месото зависи од видот на храната за која станува збор. Свежото телешко месо треба да биде светло, но не и бело, исто како пилешкото, мисиркиното или паткиното месо. Говедско месо треба да биде средно црвено, но не премногу темно. Идеалното свинско месо е бледо розово. Треба да ги избегнувате сите сивкасти нијанси на месо бидејќи е можно не само да не е свежо, туку и да е расипано.
Цврстина
Постои уште еден начин за лесна проверка дали спакуваното месо е сѐ уште свежо. Ако го притиснете со прст, мора брзо да се врати во првобитната состојба и на него да не остануваат вдлабнатини, а површината на месото мора да блеска.

loading...
Loading...