Како изгледала Јелена Ѓоковиќ пред да се венча за Новак – „целосно“ се променила

Loading...

Додека едни сметаат дека денеска изгледа многу поубаво отколку во младоста, други велат дека „ја изгубила младоста“. Што мислите вие?
Сопругата на најдобриот тенисер на светот и директорка на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ – Јелена Ѓоковиќ е една од најпознатите жени во Србија уште од 2014-та година кога се венчаше за Новак.
Сепак, оттогаш до денес и нејзиниот изглед и начин на живот се промениле, но истиот привлекува големо внимание во јавноста.
Имено, Јелена со години е на растителна исхрана, а на својот Инстаграм профил често знае да сподели совети и рецепти за оброци кои што секојдневно ги консумира.
Во месец април кога имаше вклучување во живо на социјалната мрежа Инстаграм, таа призна дека и нивните деца се на иста исхрана.


„Стефан имаше нормална исхрана со месо и риба првите неколку години, а потоа премина на растителна исхрана и многу е подобар и поздрав, а Тара од почеток до крај јаде само растителна храна, фала му на Бог сме немале проблеми со нејзиното здравје досега.
Децата се хранат како нас, без никакви проблеми, јадат компири како луди и краставици и моркови. Им давам и смути, а децата се генијалци и сè одма јадат“, опишала Јелена.
Сепак, токму поради таквиот начин на исхрана Јелена често е на мета на критики, додека едни ѝ замеруваат што во последно време многу ослабнала и дека нејзиниот начин на исхрана е екстремен, други сметаат дека никогаш подобро не изгледала.
Факт е дека Јелена во последно време многу се променила. Меѓутоа, токму благодарение на таквиот начин на исхрана е здрава и има совршена линија по две породувања.
Погледнете како Јелена изгледала пред да се венча за Новак Ѓоковиќ:

loading...