Како и зошто “Пежото“ заплива во Охридското Езеро?

Причина за несекојдневната случка кога утринава автомобил заврши во водите на Охридското Езеро е невнимание.
Увидот на полицијата за утврдување на околностите под кои возилото марка “Пежо“, со охридски регистерски таблички, завршило во езерото покажа дека жената која управувала со возилото, го паркирала автомобилот пред поранешното музичко училиште на кејот на Охридското Езеро, а потоа го напуштила без да ја крене рачната сопирачка.
Косината на паркинг-местото, била причината возилото да се придвижи нанапред и да заврши во езерото.

Loading...