Како Кејт Мидлтон го задржа “makeup-от” кога ја тргна заштитната маска? Еве го одогворот

Loading...

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон се појави пред некој ден во Шефилд, каде и достави хуманитарна помош на организацијата “BabyBank” и ја воодушеви јавноста со стилот.

Имено, маската e платнена на лондонскиот бренд “Amaia”, која чини 15 фунти (1050 денари),  а сега шминкерката открива како војвотката ја задржала совршената шминка и покрај тоа што ја носела маската.

Шминкерката Лиза Мали вели дека војвотката мудро избрала шминка за оваа пригода со истакнување на очите, потенцирајќи ги веѓите, додека ги одржувала меките контури на лицето , носејќи  лесен кармин.

– „Кејт истакна еден од нејзините најдобри адути, очите“, истакна таа.

Кејт исто така се одлучи за полесна пудра, и таа само малку ги потенцираше образите со руменило.

Ова е токму причината поради која нејзината база остана беспрекорна дури и кога ја тргна маската. Ги потенцираше очите со потемна сенка, но и со потемно контурирање на челото и веѓите.

 – Фокусот беше дефинитивно на очите, а во исто време таа ги потенцираше веѓите. Таа изгледаше совршено – истакнува Лиза.

loading...