Како на природен начин да се ослободите од вода во увото?

Loading...

Водата во увото предизвикува симптоми како што се болка во увото, зуење, притисок во ушите или пригушен слух. Ова непријатно искуство најчесто се случува при туширање или пливање.
Многумина посегнуваат по стапчиња за уши кога увото им е затнато со вода. Сепак, лекарите воопшто не го препорачуваат тоа бидејќи деловите од памук лесно можат да заглават во ушниот канал и на тој начин да ја влошат ситуацијата. Особено ако се навлажнат, бидејќи тогаш памучниот дел лесно паѓа од стапчињата, а честичките од памук дополнително иритираат и го зголемуваат ризикот од инфекција.
Ако во увото ви влегла вода за време на туширање или пливање, може да помогне и тресењето на главата. По неколку часа водата ќе излезе, но поради комплицираниот аудитивен канал процесот може да потрае.


Исто така, повлекувањето на увото назад и нагоре и пуштање на топол воздух од фен за коса постави на најслабо ниво, може да ви помогне да се ослободите од грдото чувство.
Овој проблем може да се реши и со помош на медицински алкохол, но и водород (хидроген).
Медицински алкохол
Раствор од медицински алкохол и бел оцет може да се користи за плакнење на увото. Киселината го раствора восокот и ги отстранува пречките кои спречуваат водата да излезе, додека алкохолот ја суши водата. Постапката е лесна, потребно е да се стави смесата во увото и да се остави да делува.
Водород
Водород пероксид (H2O2) е добро познат антисептик кој се користи за чистење и дезинфекција на рани како што се изгореници и гребнатини. Исто така е честа состојка кај ушните капки. Капките можете да ги направите и сами: сѐ што ви треба е вода и водород пероксид во сооднос еден на еден.
Водород пероксид се користи како вообичаените капки за уши. Значи, легнете на едната страна, а увото мора да биде свртено нагоре. Капнете го препорачаниот број на капки во ушниот канал и оставете го да стои околу пет минути. Потоа исчистете ја надворешноста на увото со меко шамивче. Повторете ја истата постапка за другото уво. Можеби ќе треба да ги користите капките само еднаш или повеќе на ден неколку дена.

loading...
Loading...