Како одмазда за Крајстчрч во смртоносните напади на Шри Ланка загинаа повеќе од 320 луѓе

Loading...

На 15 март во Крајстчрч на Нов Зеланд во напад на две џамии беа убиени 50 муслимански верници. Во неделата, на католички Велигден, на Шри Ланка избувнаа серија експлозии, а според локалните медиуми нападите ги изведоа бомбаши-самоубијци.
– Првичните резултати покажуваат дека она што се случи на Шри Ланка е одговор на нападите против муслиманите во Крајстчрч, изјави пред Парламентот Виџевардене.
Првите шест експлозии беа во три цркви и три хотели, седмиот во западниот дел на островот, а осмиот во станбен комплекс во Коломбо.

 

loading...